Карло Анчелоти пред неколку дена седна на клупата на Реал Мадрид, но имал понуда и од друг европски гигант.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„АС“ открива дека Анчелоти добил понуда од Интер, но ја одбил поради своето минато во Милан.
Интер беше во потрага по тренер после заминувањето на Антонио Конте, а прва желба на „нероаѕурите“ бил Карло Анчелоти.
„Тоа што сум денес му го должам на Милан, не можам да ги предадам“, бил одговорот на Анчелоти.
Анчелоти како играч и тренер помина 13 години во Милан каде освои 15 трофеи.
Во меѓувреме Интер за нов кормилар го назначи Симоне Инзаги.