Дома Трансфер зона Антонио Конте жали за напаѓачот кој заврши во градскиот ривал на Челзи

Антонио Конте жали за напаѓачот кој заврши во градскиот ривал на Челзи

Антонио Конте ова лето инсистираше на доведување на напаѓачот кој своевремено успеа да го доведе и во Јувентус, но сега тој заврши во редовите на градскиот ривал на Челзи.

Британски „Телеграф“ во денешното издание пренесува дека менаџерот на Челзи, Антонио Конте, жали што не успеал во преодниот рок да го доведе Шпанецот, Фернандо Љоренте.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Главен виновник за овој „неуспех“ е управата на „сините“ која не сакаше да понуди повеќе од пет милиони фунти, а таа сума за екипата на Свонси беше неприфатлива.

На крајот Баскиецот заврши во Тотенхем кој за него издвои 11.5 милиони фунти.

Конте бараше од управата да му биде доведен популарниот „крал на лавовите“ уште во јануари минатата година, но тогаш Свонси не сакаше да преговара за негова продажба бидејќи беше проценето дека без него во тимот тешко би го обзбедиле опстанокот во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…