Mладиот Ансу Фати денес ги израдува навивачите на Барселона бидејќи одлучи да потпише нов договор.
Фати потпишал договор до 2022 година и во неговиот договор ќе има откупна клазула од 170 милиони евра што е за 70 милиони евра поголема од минатиот пат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интересно е што клазулата ќе се зголеми на 400 милиони евра ако фудбалерот стане полнолетен и потпише професионален договор како член на првиот тим.
Иако има само 17 години, Фати оваа сезона ужива голема доверба од Ернесто Валверде кој му даде шанса на 11 натпревари. Во тие натпревари Фати постигна два гола и додаде една асистенција.
Очекувањата од Фати се големи, а времето ќе покаже дали ќе ги оправда.