Дома Македонски спорт Мак фудбал Анес Рушевиќ е ново име во Работнички

Анес Рушевиќ е ново име во Работнички

Работнички го доведе второто засилување во зимскиот преоден рок. Нов фудбалер на нашиот клуб е српскиот интернационалец Анес Рушевиќ. Тој потпиша договор на една и пол година и веќе го имаше првиот тренинг со тимот.

Анес Рушевиќ има 25 години, треба да ја засили конкуренцијата во нападот на Работнички и доаѓа од редовите на српскиот прволигаш Јавор Ивањица.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Во кариерата Анес Рушевиќ има играно и за Пролетер Нови Сад, Напредак Крушевац, Бате Борисов и за Нови Пазар. Тој има настапувано и за младинската репрезентација на Србија до 20 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Бабунски уште неседнат, си замина од Беса

Бобан Бабунски пред само три недели седна на кормилото на Беса, а денес си замина од тимот…