Дома Македонски спорт Мак фудбал Андрески: Работнички ја имаше резултатски најлошата есен

Андрески: Работнички ја имаше резултатски најлошата есен

Тимот на Работнички одигра катастрофална полусезона и се наоѓа на дното на табелата.

После 18 кола Работнички освои само 15 бодови и ако работите не се променат поранешниот македонски шампион ќе испадне од друштвото на најдобрите.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тренерот на Работнички, Марјанчо Андрески во изјава за официјалниот сајт на клубот порача дека ова резултатски е најлошата есен за Работнички.

„Ова е најлошата резултатска есен за Работнички. Клубот дефинитивно тоа не го заслужува, но тимот мора да се помири со фактот дека не успеа да освои бодови на многу натпревари. Можеби игрите и не беа толку лоши, но тоа се е залудно доколку не се освојат бодови. Ќе мораме добро да се реорганизираме и во пролетниот дел од шампионатот да биде еден сосема поинаков Работнички, кој ќе знае да победи и да освои бодови“, изјави Андрески.

Ќе потсетиме Работнички сезоната ја започна со Александар Влахо, но по 10 кола дојде до промена на тренерската клупа.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…