Наташа Андонова, најдобрата македонската фудбалерка која настапува за тимот на Барселона за шпанските медиуми зборуваше за амбициите во новата сезоната.
Aндонова ова лето премина од редовите на ПСЖ во екипата на Барселона и се надева дека со шпанскиот клуб ќе стигне до освојување на Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секогаш сакам да освојувам титули, мојата цел е освојување на Лигата на шампионите. Играв во повеќе клубови, освоив различни лиги, но никогаш не ја освоив Лигата на шампионите. Оваа година мојата цел е најмалку финалето во ова натпреварување. Знам дека во овој момент момент има клубови како Олимпик Лион кои се на повисоко ниво, но во фудбалот се е можно“, зборуваше Андонова.
Македонската фудбалерка потоа направи мала споредба на германскиот и фудбалот кој се игра во Барселона.
„Стилот на игра секако е важен. Кога ќе пристигнете во Барса ќе сфатите дека тука едноставно се игра така. Ние се обидуваме да ја имаме топката во свој посед, а тоа е нешто кое и јас како играч го практикувам. Во Германија на пример е навистина тешко за играчите како мене, таму средниот ред како и да не постои, средината лесно префрлува. Среќна сум што имав голема поддршка од мојата сестра која исто така е фудбалер“, изјави Андонова.