Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд ќе ги пропушти трите квалификациски натпревари на Англија, пренесуваат медиумите на Островот.
„Гордиот Албион“ квалификациите ги започнува вечерва против Сан Марино, но Рашфорд отпадна од тимот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој го пропушти и последниот меч на Манчестер Јунајтед против Лестер во ФА Купот поради повреда на глуждот.
Поради тоа ќе биде ослободен од репрезентативните обврски и ќе се врати во Манчестер за да се рехабилитира од повредата.
Проблем си мали повреди имаат уште Букајо Сака и Кајл Вокер, но тие ќе останат да бидат дел од тимот на Саутгејт и можат да играат во некој од следните два меча.