Помеѓу оние кои го критикуваат начинот на кој Англија стигна до финалето на Европското првенство е и поранешниот фудбалер Диетмар Хаман.
Англија ја победи Данска со 2:1, а после натпреварот најмногу се зборува за пеналот кој го изнуди Рахим Стерлинг во првото продолжение. Ретки се оние кои сметаат дека судијата со покажувањето на белата точка донел правилна одлука.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Таа одлука беше скандалозна. Тоа не е во духот на играта. Знам дека од вас се бара да направите се за победа, но ова децата го гледаат. Англичаните секогаш биле горди на својот фер-плеј. Moже да се сетиме колку напади добиваше Клинсман за симулирањето во Англија, а сега тие лудо го славеа пласманот благодарение на симулирање. Никаков контакт немаше и ова беше очигледна грешка. Не знам како ВАР не го поправи судијата. Жал ми е за Данска“, изјави Германецот кој седум години играше за Ливерпул.