Eвропската куќа на фудбалот одлучи Германецот Феликс Цвајер да го суди полуфиналето на Европското првенство помеѓу Холандија и Англија, а оваа одлука донесе бурни реакции.
Цвајер пред 19 години беше суспендиран за наместен натпревар и мито од 300 евра. Посебно бесни на ваквиот избор на УЕФА се Англичаните.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тие сметаат дека е неверојатно тоа што УЕФА на волку важен натпревар се одлучила за фудбалер со такво минато.
Се шпекулираше дека може да дојде до промена, сепак тоа нема да се случи. Очигледно од УЕФА веруваат дека Цвајер е достоен на високо ниво да си ја одработи задачата.