Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски: Треба да останеме цврсто на нозе!

Ангеловски: Треба да останеме цврсто на нозе!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски после високата победа над Казакстан предупреди дека не е потребна еуфорија.

„Целта на овие два меча беше да пробаме тактички варијанти, но и поединечно фудбалерите да добијат минутажа, и тоа успешно го остваривме. Играчите кои добија шанса ја искориситја, сега ќе можам да сметам на повеќе фудбалери. Нека има фудбалска еуфорија во Македонија меѓу сите навивачи, но ние мора да останеме цврсто на нозе“, изјави Ангеловски.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Први голови во дресот со националниот грб постигнаа Дарко Чурлинов и Милан Ристовски.

„Тие се тука затоа што добро ги знам нивните квалитети. Јас како селектор морам да мислам и на македонската иднина. Тие што добија шанса покажаа дека можам да сметам на нив. Честитки за нивните првенци во репрезентативниот дрес“, истакна селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Брестовац нема да чека долго – веќе е пред нов ангажман!

Поранешниот селектор на Македонија, Данило Брестовац брзо пронајде нов ангажман откако се …