Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски: Сакаме позитивен резултат, очекувам Романија да ни даде поддршка на ЕП

Ангеловски: Сакаме позитивен резултат, очекувам Романија да ни даде поддршка на ЕП

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски на денешната пресконференција ги истакна своите очекувања за утрешниот меч против Романија во квалификациите за Светско првенство.

„Најпрвин, наискрени желби за брзо опоравување од вирусот со Ковид – 19 до мојот колега од романската репрезентација. Ја респектираме романската селекција, имаат одлични фудбалери, но ние повтрдивме и во Лига на нации и во претходните квалификации дека можеме да се носиме со силни противници и не гледам причина да не биде така и утре. Доаѓаме во една пријателска земја, носиме и емоции затоа што Букурешт ќе биде наш дом и на Европското првенство и верувам дека тоа ќе ни биде добар мотив за квалитетен натпревар“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Утре со Романија ќе бидеме противници на терен, но Букурешт како наш дом за Европското првенство посакувам да ни ја даде сета поддршка во јуни. Посакувам како наш пријателски народ, романците да ни дадат безрезервна поддршка на ЕП. Сега сме фокусирани на утрешниот дуел и желбата позитивно да ги стартуваме новите квалификации“, изјави Игор Ангеловски на пресконференцијата.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…