Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на Олимписките игри во Париз. Алкараз го совлада холандскиот Талон Грикспор со 2:0, во сетови 6:1. 7:6
Првиот сет беше рутински за актуелниот шампион на Ролан Гарос и Вимблдон, но после тоа се појавија проблеми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Грикспор, кој моментално е 28 во светот, одигра многу подобро во понатамошниот дел од мечот, а Алкараз наиде на проблем бидејќи се повреди на средината од вториот сет и дури во еден момент мораше да го напушти теренот.
Сепак брзо се врати и ја спаси сет топката на 4:5. Во тај-брејкот сè беше отворено, а први нападна Холанѓанецот.
Поведе со 2:1 со мини-брејк предност, но потоа ги загуби сите четири сервиси во низа, а Алкараз брзо го заврши мечот во своја корист.
Во следната фаза Алкараз ќе игра со Роман Ришатович Сафиулин (АИН, индивидуални неутрални спортисти) кој со 6:0 и 7:6 беше подобар од Аргентинецот Томас Мартин Ечевери.