На македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски договор со Лидс веќе му заврши, па сега разгледува каде ќе ја продолжи кариерата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Засега останувањето во Лидс не е отпишана можност, меѓутоа постојат одредени услови. Најголемиот интерес за Џани е од Турција каде што го посакуваат три големи екипи, Галатасарај, Фенербахче и Трабзонспор.
Според информациите кои ги пласираа англиските и дел од турските медиуми Алиоски имал побараување за плата од два милиони евра по сезона и договор на четири години.
Наводно и тоа е најголемиот проблем во преговорите. Како и да останува да видиме каде еден од нашите најдобри фудбалери ќе ја продолжи кариерата.