Дома Фудбал Англија Алексис Санчез жали што дошол во Манчестер, ситуацијата е алармантна!

Алексис Санчез жали што дошол во Манчестер, ситуацијата е алармантна!

Како што тврди „Daily Mail“, Алексис Санчез се покајал што си заминал од Арсенал во Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во досегашните 10 натрпевари во дресот на клубот од „Олд Трафорд“, Санчез постигна само еден гол, а последниот натпревар во ФА Купот го гледаше од клупата.

„Санчез изгледа како уморен и разочаран човек. Несреќен е и тоа се гледа. Често јаде сам во кантината. Велат дека сериозно размислува за тоа дали погреши со тоа што дојде овде. Санчез изгледа како некој кој не жали да биде тука каде што е. Во целата оваа работа тој изгледа како загубено момче. Исто, потполно исто беше и со Ди Марија“, тврди неименуван извор од Јунајтед за „Daily Mail“.

Потсетуваме, и Ди Марија во Манчестер Јунајтед пристигна како големо засилување, но не се вклопи, па само по една година се пресели во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дешам го брани Мбапе: Вие го направивте диктатор!

Селекторот на француската репрезентација го заштити својот најголем ѕвезда и објасни зошто…