Дома Фудбал Италија Алегри пресреќен: Обезбедивме полуфинале и ги добивме назад 15-те бодови

Алегри пресреќен: Обезбедивме полуфинале и ги добивме назад 15-те бодови

Јувентус се пласираше во полуфиналето од Лигата Европа, а пред вчерашниот натпревар против Спортинг судот одлучи да му ги врати назад одземените 15 бодови на Јувенус.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


По поништувањето на казната Јувентус сега е трет на табелата.

„Убав ден, имавме проблеми, но добро реагиравме и се пласиравме во полуфиналето. Знаевме колку е тешко, си одиме дома со добар резултат, а сега имаме и 15 бода кои ни се вратени во Серија А. Сега ќе размислуваме на Серија А бидејќи загубивме три од последните четири натпревари. Мора да обезбедиме место меѓу четирите најдобри“, изјави Масимилијано Алегри.

Јуве во полуфиналето ќе игра со Севиља.

„Севиља е добар тим, дриблаат, играат добро и имаат освоено многу европски трофеи, сигурно нема да биде лесно“ додаде Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Невидено во НБА: Кошаркарите на Лејкерс ги бркаа судиите по натпреварот (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс губат со 0:2 во серијата од полуфиналето на Западната к…