Рома синоќа на Олимпико го победи Јувентус со 2:0.
Јувентус добро одигра во првото полувреме, но не ги искористи своите шанси, а Рома во продолжение стигна до победа. Волчицата поведе во 79. минута кога Един Џеко асистираше, а Флорензи погоди за 1:0. Во 92. минута Џеко се запиша во листата на стрелци и ја потврди големата победа на Рома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така, римскиот тим му го нанесе третиот пораз на Јуве оваа сезона во Серија А, а тренерот на Старата дама, Макс Алегри после натпреварот немаше многу причини за задоволство.
„Натпреварите кои се како овој вечерва немаат смисла. Вечерва одигравме добро, но пропуштивме премногу шанси после последното додавање. Направивме осум, девет шанси во првото полувреме и јасно е зошто на крајот овој натпревар нема смисла.“ – изјави Алегри.
Тренерот на Јуве после тоа ја прокоментира и неговата иднина во Торино.
„Се уште имам договор кој треба да го одработам, но важно е да ја анализираме оваа година и да се свртиме на следната сезона. Простор за грешки ќе има уште помалку и уште потешко ќе доаѓаме до победите дури и во лигата.“