Дома Фудбал Италија Алегри: Повредите не уништија, но исполнивме 50% од нашите цели

Алегри: Повредите не уништија, но исполнивме 50% од нашите цели

Јувентус оваа сезона ќе ја заврши без помошта на неколу стандардни првотимци.

Повредите им создаваат многу проблеми на „бјанконерите“ во завршницата од сезоната. Поради нив оваа сезона веќе ја завршија голманот Матија Перин и Сами Кедира, а како што стојат работите изгледа е завршена и за Марио Манџукиќ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот напаѓач има големи проблеми со повреда. Според зборовите на Алегри, Манџукиќ не можел да одработи нормален тренинг.

„Манџукиќ има големи проблеми со повреда. Тешко дека ќе видиме на терените до крајот на сезоната“, изјави Алегри, а потоа ги спомена повредите на Паоло Дибала и Даглас Коста.

„Дибала надвор од терените ќе биде дваесетина дена. Даглас Коста ако се биде добро ќе се врати за 10 дена, како и Касерес. Киелини би можел да се врати против Интер, а Брзаљи сигурно ќе биде спремен за Интер“, истакна Алегри.

Алегри потоа зборуваше и за елиминацијата од Лигата на шампионите.

„За жал испаднавме од Лигата на шампионите. Сега ќе се насочиме кон првенството, потребен ни е еден бод и спремни да ја завршиме приказната. Мораме да гледаме напред за да можеме да ги планираме работите во иднина. Секако дека ќе ја славиме титулата бидејќи тоа е големо достигнување и резултат на добра работа. Повредите не уништија, но на крајот исполнивме 50% од нашите цели“, заврши тренерот на „старата дама’.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …