Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри е лут на челните луѓе на клубот поради незавршената работа на трансфер пазарот.
Приоритет на Алегри во летниот преоден рок беше засилување на средниот ред, каде пристигна само Локатели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алегри бараше уште еден играч за врска, прва желба беше Пјаниќ, но трансферот не се реализираше.
Тренерот му порачал на раководството дека во јануари сака да му биде доведен уште еден играч за врска, а прва желба е Леандро Паредес од ПСЖ.
ПСЖ е во потрага по квалитетен играч за врска, па Паредес може да биде продаден во зимскиот преоден рок.