Италијанските медиуми утрово пренесуваат дека Паоло Дибала би можел да биде оставен на клупата за резерви во натпреварот против Лацио.
Наводно, Алегри ја разгледува можност да го започне натпреварот со Федерико Бернардески и Даглас Коста, а Дибала да одмори после долгото патување во Јужна Америка иако не настапи за Аргентина.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Алегри сака да се обиде со Бернардески кој би играл веднаш зад Игуаин, додека Манџукиќ и Даглас Коста би играле по крилните позиции.
Натпреварот се игра денес со почеток во 18:00 часот.