Дома Фудбал Италија Алегри збесна поради прашање на новинар за Ајакс: Не разбираш ништо, јас освоив шест Скудета! (ВИДЕО)

Алегри збесна поради прашање на новинар за Ајакс: Не разбираш ништо, јас освоив шест Скудета! (ВИДЕО)

Tренерот на Јувентус бесен го напушти интервјуто после дербито со Интер.

Јувентус од поодамна не ги задоволува своите апетити само со освојувањето на домашниот трофеј. Тоа значи дека она што Алегри ги прави во Серија А во Италија не го ценат доволно.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Алегри после ремито со Интер беше повикан на одговорност за она што му се случи на Јувентус во четвртфиналето против Ајакс.

„Не паднавме против Ајакс поради нивниот стил на игра, туку поради контрите. Поради тоа изгледаше како да играат неверојатен фудбал. Во Амстердам беа подобри. Исто важи и за ова вечерва. Природно е за ризикувате кога губите или кога грешите во пасовите“, започна нервозно Алегри.

„Понекогаш морате да импровизирате. Идеите кои сте ги имале во јуни може целосно да се променат. Постои разлика помеѓу добра игра и победа таа не е толку мала како што изгледа“.

„Во Италија сите станаа експерти за фудбал и тоа е наш проблем. Сега, замоли, јас зборувам! Не знаеш ништо за фудбало, оди читај книги! Седи зад тој стол и читај книги. Но за практичните работи на овој спорт не знаеш ништо. Јас освоив Скудето“, бесно порача Алегри и го напушти интервјуто.

Погледнете како тоа изгледаше…

https://youtu.be/30y8tfqn2r4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Отказ? Тен Хаг не ни помислува, а вели и дека раководството му верува

Манчестер Јунајтед очајно ја отвори новата сезона, а вчера гигантот од „Олд Трафорд“ беше …