Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е разочаран после вчерашниот пораз во Лигата на шампионите и истакна дека неговиот тим требало да го реши натпреварот кога имал целосна контрола.
Ќе потсетиме, Јувентус водеше 1:0 со голот на Роналдо и имаше неколку 100% прилики да го реши натпреварот, но кога не ги искористи Манчестер Јунајтед во финишот успеа да направи пресврт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
https://www.youtube.com/watch?v=zGNypOpYqvg
„Ова е разочарувачки пораз, бидејќи игравме добро. Мораме да бидеме подобри во завршницата бидејќи требаше да го решиме натпреварот кога имавме целосна контрола. Единствениот начин од кој Манчестер Јунајтед можеше да постигне гол беа прекините и тука ја бараше својата шанса. Сепак, ние сме се уште први во групата“, изјави Алегри, па потоа кратко ја прокоментира и реакцијата на Мурињо.
„Не видов што направи. Брзо влегов во соблекувалната за да избегнам такви сцени“, истакна Алегри.