Дома Фудбал Италија Алегри: Бонучи ако сака капитенска трака нека си купи и нека ја носи на улица

Алегри: Бонучи ако сака капитенска трака нека си купи и нека ја носи на улица

Старо- новиот тренер на Јувентус, Масимилиано Алегри денес јасно му порача на Леонардо Бонучи да не се надева на капитенската трака.

Алегри и Бонучи немаа најдобар однос во првиот мандат на тренерот во Торино, а искусниот стопер тогаш се пресели во Милан, а потоа се врати назад.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алегри денес изјави дека капитени се фудбалерите со најдолг стаж во Јувентус, а Бонучи кога заминал во Милан ги „фрлил во вода претходните години“.

„Ако сака Бонучи да ја носи капитенската лента, нека си ја купи и нека ја носи на рака додека се шета на улица. Капитените се бираат на основа на времето минато во клубот. Киелини е прв, потоа Дибала. Бонучи замина и падна во хиреархијата“, јасен беше Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…