Дома Фудбал Светско првенство во фудбал АЛАРМ ВО ХОТЕЛОТ НА ШВЕЃАНИТЕ: Репрезентацијата и останатите гости евакуирани…

АЛАРМ ВО ХОТЕЛОТ НА ШВЕЃАНИТЕ: Репрезентацијата и останатите гости евакуирани…

Репрезентацијата на Шведска игра денес во дуелот од четвртфиналето на СП против селекцијата на Англија.

Швеѓаните ги надминаа очекувањата на навивачите со пласман меѓу осумте најдобри екипи на светот, но веруваат дека денес можат да направат ново изненадување и да изборат пласман во полуфиналето. Противник на Шведска денес ќе биде селекцијата на Англија, а мечот се игра од 16 часот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сепак, играчите на Шведска немаа баш пријатно утро во Самара. Имено, репрезентативците на Шведска утринава беа разбудени рано од аларм кој се огласи во нивниот хотел, а вработените во хотелот беа принудени да ги евакуираат сите лица од хотелот поради сигурност.

Меѓутоа, се испостави на крајот дека тоа била лажна тревога, а уште не е познато како дошло до тоа да се активира аларм. Шведските медиуми се сомневаат дека навивачите на Англија имаат вплекткано прсти во сето ова. Не баш пријатно будење за Швеѓаните за мечот на годината за нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…