Како што стојат работите Серхио Бускетс нема да го продолжи договорот со Барселона, а според последните најави може да се пресели во Саудиска Арабија во тимот на Ал Наср.
Шпански „Мундо Депортиво“ објави дека Ал Наср ќе се обиде да дојде до потписот на Бускетс веќе во јануарскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бускетс засега не донел одлука каде сака да продолжи, но очигледно дека клубот од Саудиска Арабија има големи амбиции да создаде тим со европски ѕвезди.
Кристијано Роналдо веќе на големо се најавува како ново засилување и се очекува неговиот трансфер да биде завршен веднаш во новата година, според некои најави и на 1. јануари.
Покрај Португалецот се споменуваше и името на Серхио Рамос кој исто како и Бускетс најверојатно нема да го продолжи договорот со својот актуелен клуб, ПСЖ.