Дома Останати Тенис Ако Серена јавно не се извини, ќе добие бојкот од сите судии!?

Ако Серена јавно не се извини, ќе добие бојкот од сите судии!?

Скандалите кои американската тенисерка Серена Вилијамс ги направи во финалето на УС Опен се уште се помеѓу настаните за кои најмногу се пишува во спортските медиуми.

Како што веќе е добро познато, Серена во финалниот натпревар против Јапонката, Наоми Осака кој на крајот го загуби испрати тешки навреди кон главниот судија на натпреварот кој само ги спроведуваше правилата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Таквото однесување на Серена наиде на големо осудување од останатите судии, кои се и разочарани од организацијата на УС Опен бидејќи судијата бил оставен сам на себе.

Судиите најавуваат дури и бојкот на натпреварите на американската тенисерка.

Имено, се пишува дека доколку тенисерката не излезе со јавно извинување во медиумите тие ќе ги бојкотираат нејзините натпревари, односно сите ќе одбиваат да ја делат правдата кога Серена ќе игра меч на кој било турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вака изгледа патот на Ѓоковиќ до финалето во Шангај

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, и покрај физичките проблеми, продолжува со маршот кон троф…