Откако Академија Пандев ја елиминираше Македонија Ѓорче Петров и се пласираше во финалето на Купот на Македонија од таборот на „лавовите“ имаше реакција.
Од Ѓорче се пожалија на судењето, а од таборот на струмичани не останаа без одговор. Соопштението од Академија Пандев објавено на социјалните мрежи ви го пренесуваме во целост.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Денешнава прозивка од нашите спортски пријатели од редовите на ФК Македонија Ѓ.П е причината која не не остави рамнодушни и поради која моравме да реагираме, а се со цел за подобар и поквалитетн македонски фудбал, но секако и самата јавност да ја процени вистината. Ние како раководство на ФК Академија Пандев сме должни да обезбедиме оптимални услови, опкружување и подршка на секој наш фудбалер, секогаш фудбалерите кај нас се на прво место и затоа ќе кажеме: Победата на нашите момчиња е чиста како солза и заслужено се во финалето на купот! Ако ФК Академија Пандев имаше моќ да прави притисок сега ќе беше трето место на табелата во ПМФЛ, а не да се бори за опстанок. Во рок од еден месец тимот на ФК Македонија Ѓ.П има три порази од ФК Академија Пандев, два првенствени и еден во купот. Еден пораз можеби би бил случаен, но по три порази за толку кратко време ? Би им препорачале на аналитичкиот сектор на ФК Македонија Ѓ.П да се сврти кон нивниот тим, и кај нив да си ги бараат причините за поразите. Честитки за борбеноста и залагањето на нашите фудбалери и за радоста после постигнатите голови. Нас како тим ниту не интересира дали „капчето е на глава“, ниту дали е „вратата на тунелот отворена“. Доколку на некого му ги расипавме “ сметките и договорите” за крајниот епилог на табелата и куп завршницата иако не сме должни Ви се “извинуваме”. За нас нашиот тим е наша светост, ние немаме друга фудбалска опција, а и не прифајќаме “сомнителни” преговори и договори. За крај ако на некого му пречи што ФК Академија Пандев бара правда, порачуваме дека ни на крај памет не ни паѓа да се откажеме“.