Дома Фудбал Лига на шампиони Азар: На „Ноу Камп“ одиме на победа

Азар: На „Ноу Камп“ одиме на победа

Најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар најави храбра игра на неговиот тим во реваншот против Барселона на „Ноу Камп“.

Првиот тим на овие две екипи во рамките од 1/8 финалето заврши без победник 1:1, а ова реми повеќе и одговара на Барселона која сега е поблиску до ¼ финалето.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Немаме што да браниме на „Ноу Камп“. Одиме да се подобриме и да го повториме натпреварот од Лондон, само без малите грешки кои ги направивме поради кои не успеавме да стигнеме до подобар резултат“.

„Навистина игравме добро и жал ми е што не победивме. Можеби можевме да направиме нешто повеќе, но и со ваков резултат имаме право да се надеваме на пласман во ¼ финалето“, изјви Азар.

Реванш натпреварот помеѓу Барселона и Челзи се игра на 14 март на „Ноу Камп“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чави е фаворит на мароканската федерација

Поранешниот славен фудбалер и потоа старши тренер на Барселона, Чави Ернандес, може да ста…