Дома Топ вести Азар ги загрижи сите на „Стемфорд Бриџ“ – На крајот на сезоната го прави трансферот на кариерата!

Азар ги загрижи сите на „Стемфорд Бриџ“ – На крајот на сезоната го прави трансферот на кариерата!

Еден Азар е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, а во моментов е во одлична форма. Стартот на лигата го пропушти поради повреда, но сега повторно е во најдобра форма.

Меѓутоа, сега тој ги загрижи сите на „Стемфорд Бриџ“ со изјава дека ужива во игрите на Реал Мадрид. Потсетуваме, репрезентативецот на Белгија и од претходно изјавуваше дека многу го почитува Зинедин Зидан, а сега јасно е дека се наметнува на „Кралевите“.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


„Во моментов, сакам да ја завршам оваа сезона. Сите знаат колку сум благодарен на Реал, но јас во моментов сум играч на Челзи. Секоја година многумина пренесуваат дека ќе го напуштам Лондон, меѓутоа секој пат останав. Кога бев во Лил, многумина зборуваа за мој трансфер во ПСЖ, но останав. Во Челзи секоја година велат ПСЖ или Реал“, изјави Азар за „Canal Foot TV“, пренесува „ESPN“

Азар во Лондон пристигна во 2012. и од тогаш два пати ја покори Англија. Многумина го сметаат за најдобар играч во Премиер лигата, а веќе некое време се шпекулира дека токму тој би требало да биде наследникот на Кристиано Роналдо на „Сантијаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус го купува синот на Турам

Јувентус покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат …