Серхио Агуеро претходно зборуваше дека кариерата сака да ја заврши во родната Аргентина, но не се исклучува можноста да премине во некој друг европски клуб.
Агуеро има 32 години и е прва ѕвезда на Манчестер Сити, но свесен е дека се ближи крајот на договорот и дека може да побара некој нов предизвик.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мојата иднина? Се уште не размислувам за тоа што ќе направам. Знам дека се ближи крајот на мојот договор и веројатно ќе пристигнат многу понуди, но ќе видиме.“ – изјави Агуеро, кој со Сити има договор до крајот на летото следната година.
„За сега само сакам да се обидам да ја освоиме ЛШ со Сити, тоа би било неверојатно достигнување и за мене и за клубот.“
„Денеска ми е добро во Манчестер, сакам да дадам се од себе за овој голем тим, но не исклучувам и враќање во Шпанија.“ – додаде најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Сити.