Тоа што медиумите го најавуваа изминатите недели сега доби и официјална потврда. Лаутаро Мартинез од следната сезона ќе игра во Интер.
20-годишниот напаѓач на Расинг важи за еден од најголемите таленти во Јужна Америка, а во Интер ќе се пресели за сума од 24 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Лаутаро ќе оди во Интер, остана уште да ги мине лекарските прегледи и трансферот да биде реализиран во јуни. Никогаш не постоеше опцијата тој во декември да замине во Аргентина“, изјави неговиот менаџер, Роландо Зарате.
Мартинез оваа сезона игра во голема форма, за Расинг во сите натпреварувања има одиграно 16 натпревари, на кои постигнал 13 гола, а за него интерес покажуваа многу европски гиганти.