Силвано Мартина кој често е задолжен за трансферите на Един Џеко како посредник откри дека босанскиот напаѓач бил блиску до Јувентус.
Мартина за „Тутојуве“ истакна дека Џеко требало да премине во Јувентус во 2016 година, но тогаш на крајот во Јувентус пристигнал Гонзало Игуаин од Наполи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Вистина е. Џеко во минатото беше блиску до Јувентус. Скоро и да потпиша за Јуве пред да пристигне Игуаин. Беше навистина сериозно, меѓутоа кога Јувентус забележа шанса да го доведе Игуаин се насочи кон него“, откри Мартина.
Инаку, Џеко со Јувентус се поврзуваше и кога беше играч на Волсбург кон крајот на 2009 година, тогаш се најавуваше дека Јувентус е спремен да плати 20 милиони евра.
Ова лето Џеко цело време се поврузваше со трансфер, а најголеми шанси постоеа да заврши во Интер, меѓутоа на крајот го продолжи договорот со Рома.