Според информациите на „Спорт Медиасет“ Ренато Санчес би можел да се пресели во редовите на Јувентус.
Споменатиот медиум објави дека агентот на фудбалерот на Лил пристигнал во Торино на преговори.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Алегри се врати на кормилото на Јувентус и сака неколку засилувања, а една од опциите е и Санчес. Санчес сака да го напушти Лил, додека клубот исто така би го продал за да излезе од проблемите со финансискиот фер-плеј.
Покрај Санчес Јувентус се поврзуваше уште со Мануел Локатели, но и со Миралем Пјаниќ кој би можел да се врати од Барселона.