Репрезентацијата на Македонија вечерва не успеа да направи изненадување против Австрија на гостински терен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Може да кажеме дека Австрија денес одигра онолку колку што и беше потребно за да ги освои трите бода. Од самиот старт Австријците започнаа офанзивно и создадоа неколку прилики. Искористија една преку Давиде Алаба.
David Alaba's goal for Austria against North Macedonia #AUTMKD
— Sebbe ? (@Sebbe2704) November 16, 2019
Who needs Sane when we got him ?pic.twitter.com/VaQwW3kAYe
Нашата одбрана во таа седма минута повеќе внимаваше на Арнаутовиќ, па Алаба остана кој остана заборавен го искористи тоа го издрибла Димитриевски и погоди за 1:0. Во продолжение Австрија се закани преку Арнаутовиќ и Сабицер меѓутоа Димитриевски беше одличен на голот.
На самиот старт на второто полувреме Австрија после еден корнер и мешаница во шеснаесетникот преку Лаинер зголемува на 2:0.
После вториот гол на Австрија ние заигравме нешто подобро и создадовме две одлични шанси преку Влатко Стојановски, додека Барди се закани директно од корнер.
Откако првите две шанси не ги искористи Стојановски во последните секунди ги постави конечните 2:1.
Со овој триумф Австрија го обезбеди пласманот на Европското првенство. Ние последниот натпревар во квалификациите го играме во вторник на домашен терен против Израел.