Дома Фудбал Абрамович ја купува Валенсија

Абрамович ја купува Валенсија

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович додека ја чека продажбата на клубот од „Стенфорд Бриџ“ е во потрага по нов клуб.

Абрамович мораше да го напушти Челзи поради случувањата во Украина и инвазијата на Русија, но сака да остане во фудбалот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека Абрамович сериозно размислува да испрати понуда за купување на Валенсија.

Абрамович планира од продажбата на Челзи да добие скоро 5 милијарди евра, а дел од тие средства сака да ги насочи за купување на клубот од „Местаља“.

Валенсија е во лоша финансиска ситуација и нема големи спортски успеси во последно време, па со доаѓањето на Абрамович тоа може да се промени.

„Сопственикот Петер Лим неколку пати се обиде да го продаде клубот. Се чини дека сега има понуда од Абрамович“, изјави еминентен шпански новинар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…