Дома Фудбал Англија Абрамович ги негира обвиненијата дека ја кочи продажбата на Челзи

Абрамович ги негира обвиненијата дека ја кочи продажбата на Челзи

Роман Абрамович, сопственикот на Челзи, категорично ги демантираше информациите дека ја кочи продажбата на клубот.

„Желбите на господинот Абрамович не се променети. По првичното соопштение, тимот на г-дин Абрамович избра претставници на телата и добротворните организации на Обединетите нации за да ја формираат Фондацијата и да развијат акционен план. Водечки независен експерт разговараше со владини претставници и ги презентираше структурата и оригиналниот план.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Господинот Абрамович не е вклучен во овој процес и тој самостојно го водат експерти со долгогодишно искуство во хуманитарни организации.

Второ, господинот Абрамович не побара да му се врати никаков заем – таквите наводи се целосно лажни – како и сугестии дека во последен момент ја зголемил цената на клубот. Како дел од целта да се најде добар лидер за Челзи, тој од самиот почеток го охрабри секој понудувач да се заложи за инвестирање во клубот, вклучително и јуниорските категории, женскиот тим, обновата на стадионот и продолжувањето со работа во Фондацијата Челзи.

Откако беа воведени санкции и други ограничувања од страна на Обединетото Кралство, откако г-дин Абрамович објави дека го продава клубот, позајмицата стана предмет и на санкции од Европската унија и предмет на правна процедура на владата. Овие средства се уште се под управување на Фондацијата. Властите се свесни за ограничувањата, како и за правните импликации.

За да биде јасно, Абрамович нема ниту пристап ниту контрола врз овие средства и нема да има пристап до овие средства за време на продажбата“, се вели во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флик има одличен старт во Барселона: Вакво нешто им успеало само уште на двајца тренери

Eкипата на Барселона од почетокот на сезоната игра одлично во шпанската Ла Лига каде што п…