Дома Останати Тенис Зверев за Синер: Па тоа и не е суспензија, ова е чудно!

Зверев за Синер: Па тоа и не е суспензија, ова е чудно!

Не стивнуваат реакциите во светскиот тенис откако најдобриот тенисер на планетата Јаник Синер е суспендиран на три месеци бидејќи во март минатата година, за време на мастерсот во Индијан Велс, двапати бил позитивен на допинг тест.

Се огласи и вториот тенисер на светот Александер Зверев, кој неодамна загуби од Синер во финалето на Австралија опен.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тоа е чудна ситуација бидејќи процесот беше долг и на почетокот го пуштија, но тогаш ВАДА сакаше да го прегледа. Ако ме прашувате, постојат две опции – не сте виновни и не добивате суспензија, бидејќи ако немате вина, тогаш ја немате. Но, ако сте виновни, мислам дека за земање стероиди три месеци не е суспензија“, рече Зверев и додаде:

Мора да се утврди дали е негова вина или не. Ако не е, тогаш не би требало да биде казнет ниту три месеци. Но, ако е, тогаш ова е чуден начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз за првпат во кариерата го освои Монте Карло

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз блесна на терените во Монте Карло, освојувајќи го с…