
Некои можеби ќе тврдат дека Ламин Јамал е играч со поголем талент, дека е поспособен да направи разлика на теренот преку дриблинзи, маестрални додавања и потези кои оставаат без здив, но – никој не може да рече дека Усман Дембеле не ја заслужи „Златната топка“.
По скандалот со Реал Мадрид минатата година, Франс Фудбал оваа година не само што јавно ги објави сите критериуми според кои новинарите од целиот свет гласаат, туку и до последниот момент никој не знаеше кој ќе биде победник.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Токму тие критериуми сега се за нијанса појасни, бидејќи вклучуваат и бројки, и влијание на играта. Дембеле во сезоната 2024/25, ги имаше апсолутно сите насоки.
Според бројките, вака изгледа:
53 натпревари
3.483 минути на теренот
35 гола
14 асистенции
Гол на секои 99,5 минути
Асистенција на секои 71,1 минута
4 освоени трофеи – Лига на шампиони, Лига 1, Куп на Франција и Супер Куп на Европа
Покрај тоа, неопходно е да се спомене дека беше клучен во походот на Парижаните за трофејот во Лига на шампиони. Го постигна единствениот гол при победата над Ливерпул на Енфилд, во четвртфиналето против Астон Вила заби две асистенции, а во полуфиналето против Арсенал постигна и гол и асистенција, додека во финалето со Интер обезбеди две асистенции.
Севкупно, светот доби нов најдобар фудбалер. Ако ги разгледаме сите овие бројки и влијанието врз играта на Пари Сен Жермен, иако не е како тоа на Јамал, доволно е за „Златната топка“.