Дома Фудбал Златко Далиќ станува најплатениот селектор во светот?!

Златко Далиќ станува најплатениот селектор во светот?!

Хрватскиот фудбалски тренер Златко Далиќ е на прагот да стане најплатениот селектор на сите времиња.

Иако сè уште е актуелен селектор на репрезентацијата на Хрватска, Златко Далиќ наскоро би можел да го промени националниот тим и да ја напушти клупата на „ватрените“. Тоа би било изненадувачки од временска одредница бидејќи тој и неговиот актуелен тим ги очекуваат натпревари против Франција во завршницата на Лигата на нациите, но кога ќе се спомене самиот финансиски аспект, јасно е дека вакво нешто може да стане реалност..


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Имено, Златко Далиќ е голема желба на катарските фудбалски челници кои веќе преговарале со него кон крајот на минатата година со надеж дека нивната понуда од 5.000.000 до 6.000.000 евра годишно ќе биде доволна, но тој ја одбил не сакајќи да ја напушти Хрватска на половина пат од еден циклус. Тоа би била пет или дури шест пати поголема плата во однос на неговите тековни примања.

Неколку месеци подоцна – стига нова сума. Катарците се подготвени да ја удвојат првично понудената годишна плата на Златко Далиќ, каде што ќе може да достигне и до цели 12.000.000 евра. Покрај тоа, тој би добил целосна контрола врз фудбалот во Катар и сите селекции, јавува “24sata.hr“.

Далиќ има договор со Фудбалскиот сојуз на Хрватска до 2026 година и крајот на Светското првенство во Америка, што би било “последен танц” на генерацијата предводена од Лука Модриќ и актуелниот селектор планирал тоа да го почитува. Сепак, бројките кои го мамат се нереални.

Тој би бил најплатениот селектор во светот, за споредба со Роберто Манчини кој беше со 22.000.000 евра годишно договорен со Саудиска Арабија пред да биде отпуштен. Тековно најплатениот селектор е Томас Тухел кого Англичаните го плаќаат 7.700.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Далиќ одби да биде убедливо најплатениот селектор во светот

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, доби понуда да ја преземе фудбалската репрезентација…