
„Лео сè уште може да го запали стадионот и да прави нешта што 99 проценти од играчите не можат,“ истакнува Ибрахимовиќ
Со тежок пораз од Пари Сен Жермен (4:0), Интер Мајами се прости од Светското клупско првенство, а со него иЛионел Меси, кој многумина го сметаат за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Светските медиуми почнаа да објавуваат дека времето на аргентинскиот гениј е завршено, меѓутоа,Златан Ибрахимовиќ, кој некое време играше со Меси во Барселона, застана во неговата одбрана.
Според прочуениот Швеѓанец, проблемот не е во Меси, туку во тимот, односно неговите соиграчи.
„Поразот на Меси? О, не не… Немојте да зборувате така, како тој да е виновен за овој резултат. Интер Мајами загуби, а не Лео. Видовте ли го тимот во кој игра? Меси има околу него статуи, а не соиграчи! Да играше во некој вистински тим, во Манчестер, во Париз, ќе го видевте вистинскиот Лав,“ порача Ибрахимовиќ.
Златан продолжи да го браниЛионел.
„Меси сè уште игра само затоа што го сака фудбалот, бидејќи може да направи нешта што 99 проценти од играчите не можат. Но, опкружен е со луѓе кои трчаат како да имаат вреќи цемент на нозете,“ додаде тој.
Швеѓанецот го критикуваше и стручниот штаб на Интер Мајами и особено МЛС лигата.
„Таму нема вистински тренери, нема sвезди, нема дури ни играчи кои разбираат како да се движат без топка. И потоа го обвинувате Меси? Кога ќе игра со Роналдо, Мбапе, Халанд, Златан, тогаш критикувајте го. За ова денес – не, не и не,“ заклучи тој.
Долго време немаме слушнато Златан да брани некого толку многу…
„Бидете внимателни, бидејќи ако му дадете на Лионел вистински тим, повторно ќе го запали стадионот. Зашто, едноставно, Меси е Меси. Но денес? Ова не е негов пораз, туку на Интер Мајами,“ подвлече Златан Ибрахимовиќ.