Дома Фудбал Зимска трансфер „бомба“: Лукман од 40 милиони евра!

Зимска трансфер „бомба“: Лукман од 40 милиони евра!

Адемола Лукман не успеа да го оствари својот трансфер летоска, но може да го реализира оваа зима.

Според најновите информации, Галатасарај повторно изрази интерес за неговиот потпис и подготвена е да плати дури 40.000.000 во јануари.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Лукман минатото лето побара од Аталанта да го стави на трансфер листа, при што тогаш се поврзуваше со големите клубови од најсилните пет лиги”, но сега најсериозен е Галатасарај.

Турскиот клуб има состав кој е конкурентен и во Лигата на шампионите, откако по четири кола има освоено дури девет бодови. Паралелно, Галатасарај е секогаш прв фаворит за сите домашни трофеи, па затоа овој нигериски фудбалер може да биде последниот составен дел што недостасува во зимскиот трансфер период.

Исто така, би било значајно што во нападот негов соиграч би бил репрезентативниот колега Виктор Осимен, што е уште еден аспект зошто Лукман гледа кон Босфор.

Нигериецот оваа сезона не игра на истото ниво како претходната, бидејќи е очигледно незадоволен, што покажува со учинокот од еден гол на 10 натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реалов ултиматум до Французите: “Видете, тој мора да игра…”

Бразилскиот напаѓач Ендрик извесно ќе го засили Олимпик Лион во текот на јануари каде што …