Дома Фудбал Зидан се враќа на сцената по пет години – конечно ја прифати нивната понуда

Зидан се враќа на сцената по пет години – конечно ја прифати нивната понуда

Зинедин Зидан веќе пет години е без работа откако го напушти Реал Мадрид и одби многу понуди во изминатите години. Сепак, синоќа пристигна повикот кој толку долго го очекуваше и сега е јасно дека францускиот стручњак повторно се враќа на сцената.

Зидан по неверојатната фудбалска кариера одлучи да влезе во тренерскиот свет што беше полн погодок за него.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кариерата ја започна во Реал Мадрид каде што прво беше помошник на Карло Анчелоти, а откако го водеше резервниот тим на Кралевите почетокот на 2016 година ја доби шансата и во првиот тим што беше вистинскиот потег.

Зидан на клупата на Реал Мадрид успеа да освои речиси сè што можеше и испиша историја пред да одлучи летото 2021 година да го напушти клубот.

Зидан дури пет години чекаше да дојде повикот од Фудбалската федерација на Франција и тоа конечно се случи.

„Ле Паризиен“ објави синоќа дека Зидан добил понуда да ја води репрезентацијата на Франција и дека договорот е постигнат, и ќе биде новиот селектор на Триколорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Севиља остана без тренер!

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља ја прекина соработката со аргентинскиот тренер Матија…