Дома Останати Кошарка „Земјотрес“ во Евролигата: Светскиот шампион ја напушти НБА и се врати во Европа

„Земјотрес“ во Евролигата: Светскиот шампион ја напушти НБА и се врати во Европа

Кошаркарскиот репрезентативец на Германија, актуелниот светски шампион, Даниел Тајс, потпиша за Монако, како што објави Евролигата.

Тајс (32) се врати во Евролигата по сезоната 2016/17 кога настапуваше за германскиот Бамберг. Во меѓувреме настапуваше во НБА лигата за бројни екипи.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Играл за Бостон Селтикс, како и Чикаго Булс, Хјустон Рокетс, Индијана Пејсерс, Лос Анџелес Клиперс и Њу Орлеанс Пеликанс.

Ќе биде значително засилување на центарската позиција за Монако, кој во таа линија на тимот ги има Донатас Мотијејунас, Јоргос Папајанис и Мама Жаите.

Монако е четвртопласираниот тим на табелата на Евролигата со 16 победи и 10 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пешиќ не може да го преболи поразот од Американците: Судиите се исплашија

Kошаркарите на Србија пропуштија голема шанса на Олимписките игри во Париз да ја победат р…