Дома Фудбал „Земјотрес“ од Островот: Манчестер Јунајтед ја посакува ѕвездата на ПСЖ

„Земјотрес“ од Островот: Манчестер Јунајтед ја посакува ѕвездата на ПСЖ

Манчестер Јунајтед повторно го раздвижи фудбалскиот пазар, откако се појавија информации дека англискиот гигант сериозно е заинтересиран за крилниот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Брадли Баркола.

Младиот Француз веќе подолго време ја привлекува вниманието на европските великани, а сега и клубот од Олд Трафорд се вклучи во борбата за неговиот потпис.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според достапните информации, Манчестер Јунајтед е рамо до рамо со Ливерпул и Баерн од Минхен, кои исто така внимателно го следат развојот на ситуацијата околу талентираниот крилен играч.

Дојдот на Рубен Аморим на тренерското седиште на Јунајтед донесе нова визија и јасна стратегија за засилување на екипата, а Баркола совршено се вклопува во профилот на играч кој португалскиот стратег го бара.

Баркола се истакнува со брзина, техника и способност да прави разлика еден на еден, што го прави особено атрактивен на пазарот.

Во дресот на ПСЖ покажа огромен потенцијал, но и зрелост која ги надминува неговите години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хамес Родригез примен во болница во загрижувачка состојба

Хамес Родригез е примен и задржан во болница поради тешка дехидратација која бараше стручн…