Дома Фудбал Збогувањето на Зидан и нападот кон Реал: Неговото писмо од 2021 година повторно е вирално!

Збогувањето на Зидан и нападот кон Реал: Неговото писмо од 2021 година повторно е вирално!

Проблемите во играта, резултатите и меѓучовечките односи предизвикуваат потреси во Реал Мадрид, тимот кој славеше само на два од последните осум натпревари. Шпанските медиуми известуваат за културен судир во клубот бидејќи играчите сè уште не се навикнати на строгите методи на Чаби Алонсо и неговата посветеност кон стилот на притискање во играта. Во водство на бунтот против тренерот е Винисиус.

Поради слабиот резултатски учинок, Реал само што му го препушти првото место во Ла Лига на Барселона, а при тоа заостанува четири поени. Дури и во Лигата на шампионите тимот не игра според очекувањата. Две кола пред завршувањето на групната фаза, тие се меѓу првите осум кои би оделе директно во нокаут фазата, и тоа само благодарение на гол разликата. Алонсо сега се обидува да се одржи од натпревар до натпревар, буквално додека не изгуби.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Ако се случи тоа в сабота против Алавес во 16-тото коло, натпревар кој е закажан за утревечер во 21 часот, Реал ќе мора да бара нов тренер. Во случај на реми и очекуваната победа на Барса дома против Осасуна денес, Мбапе и неговите соиграчи би заостанувале цели шест поени зад лидерот.

Медиумите од Шпанија, како и од неколку европски земји, изјавуваат дека Зинедин Зидан е најсериозен кандидат за наследник на Чаби. Тој веќе двапати беше на чело на Реал, од јануари 2016 до мај 2018, и потоа од март 2019 до мај 2021 година. Постигна два шпански наслова и три во Лигата на шампионите.

Зидан моментално е без ангажман, а поради тоа што го поврзуваат со можмп враќање во Реал, повторно се појави неговото емотивно писмо за простување од клубот од 2021 година. Во тоа писмо, Зидан гневно посочува на тоа што сега го чувствува Алонсо.

“Најмногу ме болеше кога ќе прочитав дека ако не добијам следниот натпревар, ќе бидам отпуштен. Го мразев тоа, како и целата екипа, затоа што тие стории, намерно пуштени во јавноста, создаваа негативна атмосфера, сомнежи и недоразбирања.

Имав фантастични играчи покрај мене кои ми беа поддршка до крајот, и секогаш кога се усложнуваше ситуацијата, ме спасуваа со неверојатни победи. Затоа што веруваа во мене и знаеја дека и јас верувам во нив.

Клубот не ми даде поддршка во изградбата на проектот ни сега ни долгорочно. Се чувствувам дека клубот повеќе не верува во мене. Намерно излегуваа гласини за мојата иднина од клубот. Една важна ствар беше заборавена – сè она што го постигнав.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…