Португалскиот фудбалски стручњак Витор Перејра ќе биде новиот тренер на Вулверхемптон, објавија британските медиуми. Перејра последните 10 месеци беше на клупата на Ал Шабаб од Саудиска Арабија, а Би-Би-Си објави дека Вулвс ќе му исплатат на саудискиот клуб еден милион евра како отштета.
Тој во вторник треба да пристигне во Англија за да го потпише договорот, а на клупата ќе го замени Герија О’Нил кој беше разрешен поради слаби резултати. Перејра ќе тренира дури шест свои сонародници во првиот тим на Вулвс. Во Вулверхемптон многу влијателен е португалскиот агент Жорж Мендеш, кој често носи играчи од татковината.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Вулверхемптон оваа сезона во Премиер лигата забележа 11 порази во 16 натпревари. Перејра во кариерата тренирал и Порто и Олимпијакос. Со Порто освои два наслови шампион на Португалија, а со Олимпијакос титулата шампион на Грција.