
Фудбалот како најважна споредна работа на светот привлекува големо внимание од јавноста, но и од огромниот дел луѓе кои го сакаат овој спорт и ги следат случувањата низ целиот свет. Освен прекрасни голови, асистенции, дриблинзи, атмосферата на трибините, секогаш е интересно да се види што се можат фудбалерите да промашат, и секогаш ќе се чудиме од какви ситуации не постигнувале голови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Токму таква една ситуација доаѓа од елитниот ранг на фудбал во Мароко, каде се сретнаа Унион Спориве Ел Менсур и Ренасенс Земамра, а домаќинот победи со резултат 2:0 со автогол на Мухамед Ферни и гол на Брахим Мансури во 66. минута од натпреварот.
Сепак, она што го видовме пркоси на сите закони на физиката и реалноста, бидејќи напаѓачот Мехди Балук успеа да се срами и неговото име да го внесе во историјата на промашувања кога е во прашање фудбалот. Неговиот соиграч шутираше, топката по одбрана на голманот стигна до него, и успеа да промаши празен гол од, би се рекло, помалку од метар далечина.
OUT OF CONTEXT MOROCCAN FOOTBALL 🤯
— Soufiane. L👑 🦁 (@SFNloubnan) November 1, 2025
HOW HE DID MISS THAT😭😭 pic.twitter.com/qzPvs1VHfW