Дома Останати Кошарка Враќање од соништата на Јовиќ: Србинот режираше голем пресврт на Мајами (Видео)

Враќање од соништата на Јовиќ: Србинот режираше голем пресврт на Мајами (Видео)

Мајами ја забележи четвртата победа во серија, а 21 поен и 16 скока, со пет асистенции постигна Бам Адебајо. Мајами успеа да се извлече по лошата прва четвртина и -16, па до крајот на првиот дел ги растури Канаѓаните.

Јовиќ учествуваше во пресвртот, постигнувајќи две тројки и вкупно 11 поени во серијата 30:10 до полувремето. Србинот заврши со 14 поени и четири скока. Кај Торонто, трипл-дабл со 13 поени, 11 скока, 10 асистенции запиша Барет.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Страшна партија имаше Домантас Сабонис, кој со 32 поени и 20 скока ја одбележа тесната победа на Сакраменто против Њу Орлеанс. ДеРозан додаде 29 поени за Сакраменто да запише четврта победа во последните пет натпревари.

Кај домашните, МекКолум постигна 36 поени, од кои шест тројки.

Резултати:

Мајами – Торонто 114:104
Бостон – Детроит 123:99
Њу Орлеанс – Сакраменто 109:111

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нико Херисон за трејдот на Дончиќ: Не жалам поради мојот потег, ќе видите и зошто!

Нико Харисон преку ноќ стана „персона нон грата“ во Далас. Причините се повеќе од јасни, г…