Дома Фудбал Враќањето на „Камп Ноу“ повторно се одлага, соопштуваат од Барселона

Враќањето на „Камп Ноу“ повторно се одлага, соопштуваат од Барселона

Од Барселона соопштија во официјално соопштение дека и второто домаќинство на тимот во Лигата на шампиони против Олимпијакос на 21 октомври ќе биде одржано на олимпискиот стадион „Олимпик Луис Компанис“ на ридот Монжуик.

Информацијата доаѓа само неколку часа по поразот кој каталонците го претрпеа од Пари Сен Жермен во првиот нивен домаќински натпревар доцна синоќа. Од клубот посебно нагласуваат дека работата на враќање на „Камп Ноу“ продолжува и надежите на раководството се дека тоа може да се оствари за следните натпревари на тимот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„ФК Барселона објавува дека третиот натпревар од групната фаза на Лигата на шампиони, во вторник, 21 октомври, во 18:45, против Олимпијакос, ќе се игра на олимпискиот стадион „Луис Компанис“. Клубот продолжува да работи за добивање на потребните дозволи за враќањето на „Спотифај Камп Ноу“ за следните дуели од турнирот. Во оваа врска, ФК Барселона работи по препораките кои беа дадени од Општинскиот совет изминатата недела,“ соопштуваат од раководството.

Прашањето за враќањето на „Камп Ноу“ продолжува да биде една од најактуелните теми околу клубот, откако продолжува да биде одложувано над два месеци од првичните планови, кои беа за каталонците да можат да го одиграат дури и дуелот за трофејот „Жоан Гампер“ на почетокот на август на нивното стадион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Рома промаши ист пенал три пати (видео)

Рома загуби од Лил на домашен терен со 0:1 во рамките на Лига Европа, а на овој меч беше в…