Дома Останати Кошарка Возбудувања во НБА: Леброн и Дејвис го засенија Кари, Харден пресилен за Јанис и Лилард (Видео)

Возбудувања во НБА: Леброн и Дејвис го засенија Кари, Харден пресилен за Јанис и Лилард (Видео)

Во центарот на вниманието ноќеска беше калифорниското дерби, дуелот меѓу Голден Стејт Вориорс и ЛА Лејкерс.

Победија гостите од Лос Анџелес со 118:108 по подобра игра во второто полувреме, а во главните улоги беа Ентони Дејвис со 36 поени и 13 скока и Леброн Џејмс со 25 поени и 12 асистенции.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Од другата страна, Стеф Кари беше далеку од неговите препознатливи игри, шутот не го служеше, погоди само четири од 17 шута од игра, а мечот го заврши со 13 поени и 9 асистенции.

Вигинс беше најефикасен за Вориорс со 20 постигнати поени.

Победија и ЛА Клиперс, со извонредна игра на Џејмс Харден. Тој запиша 40 поени, 9 асистенции и 5 скока во триумфот на Клиперс над Милвоки, со резултат 127:117. Покрај Харден, се истакна и Пауел со 33 поени и шест скока, а одличен беше и Ивица Зубац со 12 поени и 10 скока.

Од другата страна „дабл-дабл“ на Јанис Адетокумбо од 36 поени и 13 скока, а „трипл-дабл“ на Дамијан Лилард од 29 поени, 10 скока и 10 асистенции, но тоа им е слаба утеха по ваквиот епилог.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На легендарен тренер му изгоре домот до темел (Видео)

Од САД пристигна шокантната вест дека куќата на легендарниот тренер на Мајами Хит, Ерик Сп…