Во центарот на вниманието ноќеска беше калифорниското дерби, дуелот меѓу Голден Стејт Вориорс и ЛА Лејкерс.
Победија гостите од Лос Анџелес со 118:108 по подобра игра во второто полувреме, а во главните улоги беа Ентони Дејвис со 36 поени и 13 скока и Леброн Џејмс со 25 поени и 12 асистенции.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Од другата страна, Стеф Кари беше далеку од неговите препознатливи игри, шутот не го служеше, погоди само четири од 17 шута од игра, а мечот го заврши со 13 поени и 9 асистенции.
Вигинс беше најефикасен за Вориорс со 20 постигнати поени.
Победија и ЛА Клиперс, со извонредна игра на Џејмс Харден. Тој запиша 40 поени, 9 асистенции и 5 скока во триумфот на Клиперс над Милвоки, со резултат 127:117. Покрај Харден, се истакна и Пауел со 33 поени и шест скока, а одличен беше и Ивица Зубац со 12 поени и 10 скока.
Од другата страна „дабл-дабл“ на Јанис Адетокумбо од 36 поени и 13 скока, а „трипл-дабл“ на Дамијан Лилард од 29 поени, 10 скока и 10 асистенции, но тоа им е слаба утеха по ваквиот епилог.